За да може да купувате преку нашиот web shop мора претходно да се регистрирате. Регистрацијата може да ја направите ОВДЕ. Регистрацијата (отворање на корисничка сметка) потребно е да се направи само еднаш. После креирањето на корисничката сметка, на web shop-от се пријавувате со кликнување на линкот ПРИЈАВА (горе десно).
Доколку сакате да нарачате производ ( или повеќе производи ) од нашата web продавница кликнете на полете ДОДАЈ ВО КОШНИЧКА, вашиот производ ќе биде додаден во кошничката. Содржината на кошничката може да ја прегледате со кликнување на полето ВИДИ ЈА МОЈАТА КОШНИЧКА во горниот десен дел од страната.
Во кошничката може да додадете производи со кликнување на полето ПРОДОЛЖИ СО КУПУВАЊЕТО. Исто така со клик на полето ОТФРЛИ може одбраниот производ да го отстраните од кошничката. Може да ја промените и количината со кликнување на полето КОЛИЧИНА.
Кога ќе ги внесете сите производи кликнете на линкот ПОТВРДИ ЈА НАРАЧКАТА.
НАРАЧКА, ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ И ПЛАЌАЊЕ
|
Услови и начин на правење на нарачка
При примање на вашата нарачка ние ќе бидеме веднаш известени! (Во случај да не може да се испрати нарачката, го задржуваме правото да ја одбиеме нарачката или во договор со вас, да го продолжиме рокот на испорака и/или да испратиме заменски производ).
Враќање на производите (заедно со фактурата) мора да биде во рок од 15 дена од денот на примање на пратката, во спротивно повратот нема да биде прифатен .
Кога купувачот има право на поврат?
• Доколку е испорачана роба која купувачот не ја нарачал
• Доколку испорачаната роба има истечен рок на траење
• Доколку испорачаната роба има грешка или видливи оштетувања кои не се настанати при транспорт.
Плаќање
Нарачаните производи преку web shop може да ги платите на поштарот при прием на пратката. Нарачаните производи не може да ги платите со картичка, туку исклучиво со готовина.
Цени
Во цената е вклучено ДДВ ( 18% ). Поштенските трошоци се додаваат при обработка на нарачката.
Нарачаните производи се доставуваат преку Македонска пошта. Вообичаен рок за достава на пратките е 3-5 дена.
Трошоците за пакување и достава изнесуваат 150 ден. Условите за бесплатна поштарина може да ги видите ОВДЕ.
Проверете ја содржината на пакетот во присуство на доставувачот и известете не доколку има евентуални оштетувања на пратката или доколку недостасува некој производ.