АНАНАС БРОМЕЛИН КАПСУЛИ: Bio Clinica Makedonija
Ова web место користи колачиња (cookies). Кликнете ОВДЕ за повеќе информации. Доколку продолжите со прегледот на овој web се согласувате со користењето на колачињата.
 
Zatvori

Информации

Molimo, pričekajte trenutak!

АНАНАС БРОМЕЛИН КАПСУЛИ            
 

Ананас инулин капсули

Намена

Капсули на база на ананас, инулин, витамини, цинк и бромелин кои го чистат организмот од токсини, го регулираат варењето на храната и помагаат при слабеење.

Примена

Испијте две капсули дневно и многу течности во текот на денот.



Делување

Ананасот се издвојува од другото овошје благодарение на бромелинот, ензим кој го подобрува здравјето на целиот организам. Го поттикнува варењето на храната, ги зајакнува коските, го поттикнува менталното здравје, го намалува стресот и го регулира крвниот притисок.
Инулинот помага да се ублажат симптомите на опстипација. Тој е диетално влакно кое дава чувство на ситост. Го регулира редовното варење и делува против подуеноста.



Главни активни состојки

Ананасот е тропска билка која е одличен извор на витамини Ц, Б1, Б2, Б3, Б5 и Б6. Содржи манган, бета каротен, фолна киселина, бакар, магнезиум, калиум и диетални влакна. Одличен извор е на манган кој му е потребен на телото за да го изгради коскеното ткиво. Ананасот е извор на триптофан, аминокиселина која учествува во ослободувањето на хормонот серотин. Хормон одговорен за доброто расположение и превенција од анскиозност и депресија. Бромелинот директно влијае на работата на дигестивниот систем и учествува во ослободувањето на токсините од телото кои може да предизвикаат хронични воспаленија и да го зголемат ризикот од развој на хронични болести и пореметувања.
Благодарение на високото ниво на Витамин Б комплекс, ананасот помага во намалување на стресот. Досегашните истражувања покажаа дека секојдневното конзумирање на ананас може да помогне во регулирање на крвниот притисок и на тој начин да ја намали потребата од земање на лекови.

Една научна анализа за инулинот открила дека луѓето кои го конзумираат инулинот имаат подобра подвижност на дебелото црево, а со тоа се подобрува и конзистенцијата на столицата. Во друго научно истражување докажано е дека на возрасните личности на кои им е препишана дневна доза од 15 грама инулин, пријавиле ретка појава на опстипација и подобро варење на храната. Опстипацијата ја попречува функцијата на црниот дроб. Инулинот е исклучително корисен за здравјето на црниот дроб и спречување на опстипација.
Благодарение на инулинот кој во цревата се разградува на млечни киселини и масни киселини, доаѓа до обновување на клетките на дебелото црево (особено важно кај воспаленија на цревата). На тој начин се спречува настанувањето на промени (лезии) кои доведуваат до појава на рак.



(Не) Препорачуваме

Се препорачува на личности кои сакаат да го регулираат варењето на храната и да го прочистат организмот. Да не се надмине препорачаната дневна доза. Додатокот на исхрана не е замена за храна.
Урамнотежената и разновидна исхрана и здравиот начин на живот се од големо значење. Да се чува подалеку од дофат на деца.

Пакување и состав

Пакувањето содржи 60 капсули.
Состав: Инулин, капсула ( желатин), 15 % концентриран сок од ананас (Ananas comosus) во прав (од кој 6% суви состојки од сок од ананас, 9% малтодекстрин), бромелин (малтодекстрин), L- аскорбинска киселина (Витамин Ц), цинк глуконат, nikotinamid, Средство против згуснување (магнезиумови соли, масни киселини), калциев D-pantotenat, pirodoksin-hidroklorid (Витамин Б6), riboflavin (Витамин Б2), tiamin hidroklorid (Витамин Б1).

Svelto1

Занимливост

Инулинот има помала калориска вредност од другите јаглено хидрати, поради што се користи во многу земји како замена за маснотии или шеќер. Целта е намалување на калориската вредност на храната како што се сладоледот, млечните производи, слатките и пекарските производи.

 

Ананас инулин капсули

Капсули на база на ананас и инулин за прочистување на организмот и регулирање на органите за варење.

Шифра на артиклот: 215250  -  Пакување: 60,00 ком  -  Цена за 100 ком: 1.331,67 ден

Почитувани, посакуваниот производ не е достапен за нарачка во моментот. Ви благодариме за разбирањето!


Бесплатна достава со нарачка поголема од 1500 ден


Испорака за 48h


Подароци со нарачка