ACTIVE LIFT КРЕМА ОД СМИЉ - 50ml: Bio Clinica Makedonija
Ова web место користи колачиња (cookies). Кликнете ОВДЕ за повеќе информации. Доколку продолжите со прегледот на овој web се согласувате со користењето на колачињата.
 
Zatvori

Информации

Molimo, pričekajte trenutak!

ACTIVE LIFT КРЕМА ОД СМИЉ - 50ml            
 

Active Lift крема

Смиљот е билка која што се користи  уште од времето на Хомер и античките Грци, поради нејзините лековите својства. Грчкиот јунак Одисеј претрпел бродолом и останал заробен на островот. Кога конечно успеал да се врати, ја запознал прекрасната ќерка на кралот. Тајната на нејзината убавина била во извонредното масло од цвет кој никогаш не венее, дури ни кога ќе се набере. Според митовите и грчкиот бог Аполон носел тијара од смиљ, за да го потсети светот за неговата бесмртност.
Познато е дека постојат цвеќиња кои не венеат, дури и кога ќе се наберат. Станува збор за цветот  смиљ, лат.име  Helichrysum italicum, билка која расте на сончевите карпи низ јадранскиот брег.
Освен по своите жолти цветови, таа е познато и по своето  корисно дејство врз кожата на лицето и телото. Оваа лековита билка е дел од многу природни козметички производи поради својата обновувачка способност. Најчесто се користи за нега на зрела и чувствителна кожа, но може да се користи кај секој тип на кожа.  Расте до висина од 60 см, има тенки лисја и жолти цветови. Најкорисни делови на оваа билка се лисјата и цветовите.

Многу научни истражувања потврдија дека смиљот ги намалува брчките и ги отстранува дамките и другите несовршености од кожата.

Соединенијата од маслото од смиљ се ефикасни во борбата против бактериите и габите кои предизвикуваат различни иритации на кожата, вклучувајќи осип, инфекции и бавно зараснување на рани. Иако оваа билка е соодветна за многу болести, најмногу се користи како средство против брчки, дамки и други несовршености на кожата. Ова го докажа и истражувањето на една француска козметичка компанија која го патентираше својот производ од смиљ. Нивните истражувања покажаа дека оваа билка ги намалува длабоките брчки за 19%, вкупниот број брчки за 14% и брчките на кожата за 38%. Докажано е и дека смиљот има неверојатно антиоксидативно дејство и значително делува врз производството на колаген, ја поттикнува промената во ткивото, ја подобрува микроциркулацијата, прави детокс на кожата, делува антисептички и ја прочистува кожата. Посебен нагласок е ставен на блескавоста на кожата.

ACTIVE LIFT КРЕМА ОД СМИЉ – ФОРМУЛА ЗА ПОДМЛАДУВАЊЕ
Active Lift кремата од смиљ е интензивна дневна нега која ја измазнува и  штити кожата од стареењето. Истражувањата докажаа дека кремата од смиљ ги намалува брчките од кожата за 38%.

- Интензивна нега за сите типови на кожа
- Соодветна за чувствителна кожа и кожа склона кон иритации.

Active Lift кремата од смиљ е комбинација од активни природни состојки кои ја регенерираат кожата и ја прават блескава.  Оваа формула ја поттикнува обновата на клетките , ја поттикнува микроциркулацијата и и овозможува на кожата здрав и блескав изглед. Соодветна е за чувствителна кожа и кожа склона кон иритации. Ефикасна комбинација со  природни состојки против стареење COLLA-GAIN, екстракт од маслинови лисја и моринга.

ПРИРОДНА ФОРМУЛА ЗА ПРЕКРАСНА И СЈАЈНА КОЖА
 Овие супер антиоксиданти овозможуваат цврста и затегната кожа, го поттикнуваат производството на колаген и ја зголемуваат еластичноста на кожата. Shea маслото овозможува дополнителна нега, правејќи ја кожата мека. Содржи и природен филтер за заштита од сонце.
Состојката пентавитин овозможува долготрајна свежина, ја хидрира кожата, ја прави затегната и цврста.

 

Active Lift крема

Immortelle Active lift крема од смиљ за лице

Шифра на артиклот: 102515  -  Пакување: 50,00 мл  -  Цена за 100 мл: 2.998,00 ден


Бесплатна достава со нарачка поголема од 1500 ден


Испорака за 48h


Подароци со нарачка