Босвелија темјан балзам
Природна моќ за сите кои патат од артритис, болки во грбот, потешкотии со циркулацијата, вкочанетост и отоци.
Се става директно на болно место и лесно се масира. Може да се користи до 4 пати дневно. Брзо се впива, а може да го користат и личности со чувствителна кожа.
Хемиското соединение одговорно за ефикасноста на темјанот е босвелиската киселина која ги спречува воспалителните процеси. Сите ефекти сеуште не се разјаснети во целост.
Темјанот им пречи на молекулите кои што ја овозможуваат акумулацијата на воспалителните клетки во ткивото.
Кога се намалува бројот на тие молекули, се намалуваат и воспалителните клетки.
Исто така босвелиската киселина ги
намалува локалните воспаленија - леукотриени.
Клиничките испитувања ги докажаа корисните ефекти на темјанот врз остеоартритисот, покажаа
значително подобрување на физичката активност, намалена утринска вкочанетост, намалени нарушувања на движењето, намален интензитет на болка, подобрена подвижност на зглобовите, без несакани ефекти вообичаени за класичните антиинфламаторни лекови.
Босвелија темјан балзам содржи и
масло од рузмарин кое има антисептично дејство,како и екстракт од арника кој има антиинфламаторни својства како и својства за смирување на кожата.
Темјанот е ароматична смола добиена од малото дрво Boswellia кое расте низ цела Африка и Азија. И арапскиот и индискиот темјан имаат лековито својство, но најмногу клинички испитувања се направени врз индискиот темјан Boswellia Serrata.
Темјанот се користиои во многу духовни и верски обреди. Особено се цени помеѓу христијаните, затоа што во Светото писмо се споменува како еден од скапоцените дарови што ги дале трите свети кралеви при раѓањето на Исус.
Босвелија темјан балзам се препорачува за личности кои патат од ревматски тегоби, артритис, артроза, воспаленија, отоци.
Само за надворешна употреба. Да не се става директно на рана.
Пакување 100 мл.
Состав: Вода, Prunus Amygdalus, масло од сладок бадем, Propylene Glycol, Iso-propyl Myristate, Boswellia Serrata масло, Triethanolamine, Phenoxylethanol, Acrylates / C10-30 Alkyl Acrylate Crosspolymer, Limonene, Methylparaben, масло од рузмарин, Ethylparaben, Butylparaben, екстракт од цвет од арника, Propylparaben, Alcohol denat, карамела.
Со темјанот се тргувало уште пред 5000 години на Арапскиот полуостров и Северна Африка, каде што бил
вреден исто како златото. Патот од Јужна Арабија кон Медитеранот е еден од најстарите трговски патишта во светот!
Во античкиот Египет, темјанот се користел за религиозно обреди, за балсамирање на мумиите, за лекување на рани, но исто така и за козметка. Од темјанот се правеле маски за подмладување, а јагленисаниот темјан жените го користеле за исцртување на очите и веѓите.