Заштита на лични податоци: Bio Clinica Makedonija
Ова web место користи колачиња (cookies). Кликнете ОВДЕ за повеќе информации. Доколку продолжите со прегледот на овој web се согласувате со користењето на колачињата.
 
Zatvori

Информации

Molimo, pričekajte trenutak!


Изјава за заштита на лични податоци за Био Клиника Македонија ДООЕЛ Скопје

1. Општи информации

Оваа Изјава за заштита на личните податоци за ДTУ Био Клиника Македонија ДООЕЛ Скопје ( во понатамошниот текст Изјава) се однесува на услуги кои ги пружа фирмата ДTУ Био Клиника Македонија ДООЕЛ Скопје, Бул. 8 Септември бр. 2 лок. 11 Скопје ( во понатамошниот текст Био Клиника Македонија ДООЕЛ).Со купување на производи од фирмата Био Клиника Македонија ДООЕЛ ни ги доверувате Вашите лични податоци. Оваа Изјава опишува кои лични податоци ги собираме, на кој начин ги обработуваме и за која намена ги користиме, како и Вашите права кои се однесуваат на тие податоци.

a) За обработка на податоците одговорна е фирмата:
ДTУ Био Клиника Македонија ДООЕЛ Скопје Бул. 8 Септември бр. 2 лок.11 1000 Скопје Тел. (+389) 02 3216-923 Офицерот за заштита на личните податоци достапен е на адресата на е-пошта (naracki@bioclinica.com.mk) .

b) Доколку за обработка на Вашите лични податоци користиме надворешни даватели на услуги, говориме за обработка (на личните податоци) по налог. И во тој случај одговорноста за вашите лични податоци е наша.

2. Видови на лични податтоци

Ги употребуваме следните лични податоци:

a) Вашите основни лични податоци:
Име и презиме, адреса и поштенски број, секундарна адреса и поштенски број, датум на раѓање, број на мобилен телефон и податоци за контакт (електронска пошта, број на телефон).

б) Податоци кои ги собираме преку т.н. колачиња:
Поставени се на Вашиот интернет преглед како на пример IP адреса од која се пристапува на интернет страната, време на прегледот и сл. Сите информации за колачињата ќе ги добиете при првата посета на интернет страната каде што може да дадете или да не дадете согласност за употреба на истите. Колачињата не се нужни за правилно да функционира интернет страната. Битно е да се нагласи дека колачињата може секогаш да се подесат во интернет прегледот и дека Био Клиника Македонија ДООЕЛ ќе ги користи податоците добиени преку колачињата само со претходно добиена ваша согласност.

3. Време на чување

a) Вашите основни лични податоци потребни за достава на пратки ги чуваме трајно.

б) Податоците кои ги користиме за маркетинг ги чуваме трајно се до барањето на корисникот за измена или бришење.

в) Можно е наместо бришење податоците да се анонимизираат, односно да се направат неименувани. Во тој случај, трајно се бришат сите податоци кои овозможуваат поврзување со идентитетот на личноста.

4. Начини и намена на обработката на личните податоци

Сите видови на лични податоци Био Клиника Македонија ДООЕЛ ги обработува за следната намена:

a) a) Реализација на договорените нарачки
Личните податоци ги обработуваме за достава на нарачаните производи по пат на online и каталошка продажба. Вашите лични податоци ги обработуваме во склад со важечките прописи (Законот за заштита на потрошувачи, Законот за заштита на личните податоци итн.)

б) Потреби за маркетинг
Личните податоци ги обработуваме за достава на нови понуди. Понудите се доставуваат на неколку начини: на e-mail адреса, на домашна адреса, со телефонско јавување или СМС порака.

в) Интерни анализи и статистики
Личните податоци ги обработуваме за интерни анализи и статистики кои се однесуваат на продажбата на производи .

5. Пренос на Вашите лични податоци

Вашите лични податоци од член 2 на оваа Изјава (врз основа на нашиот легитимен интерес и Вашата согласност во склад со оваа Изјава) можеме да ги проследиме до АД Македонска пошта, како наша доставна служба за достава на производите кои сте ги нарачале и до нашите партнери, Bio Clinica d.o.o. во Р. Хрватска за анализа на податоците.

Нашите деловни партнери смеат да ги употребуваат овие податоци само во склад со оваа Изјава. За обработка на Вашите податоци по пат на согласност, повлекувањето на согласноста ќе биде применето и на наведените партнери.


6. Управување со согласноста

a) Согласноста која сте ја дале може да ја повлечете во секое време. Исто така, во секое време може да направите приговор за обработка на Вашите лични податоци. Промената на согласноста може да ја направите на начин предвиден во чл. 7 од оваа Изјава, на интернет страната (http://www.bioclinica.com.mk/shop/signin.aspx) или со повик на службата за корисници на тел. број 02/3216-923..

б) Со повлекувањето на дадената согласност или со приговорот на нашата обработка во согласност со чл. 7 од оваа Изјава, Вашите лични податоци повеќе нема да ги употребуваме за наведената намена, но тоа може да резултира со неможност за користење на некои дополнителни погодности кои се поврзани со нив.

7. Права на корисникот

a) Право на корекција:
Доколку обработуваме Ваши податоци кои се непотполни или неточни, во секое време може да побарате од нас да ги поправиме или дополниме.

б) Право на бришење:
Може да побарате од нас бришење на своите лични поатоци доколку сме ги користеле незаконски или доколку сметате дека обработката претставува навлегување во Вашите заштитени интереси. Ве молиме да имате во предвид дека постојат причини кои го оневозможуваат моменталното бришење, како на пример кај законски пропишаните обврски на архивирање ( купувањето преку online продавницата, плаќањето со Ваша кредитна картичка итн...)

в) Право на пристап :
Од нас може да добиете потврда дали се обработуваат Вашите лични податоци, пристап до тие податоци и следните информации: информации за намената на обработката, предвидениот временски период на чување на податоците, постоењето на правата кои се наведени во оваа точка од Изјавата.

г) Право на можност за пренос на податоците:
Може да побарате од нас податоците кои ни ги доверивте поради архивирање да ви ги доставиме во структуриран облик, во вообичаен електронски читлив формат доколку податоците ги обработуваме врз основа на согласност која сте ни ја дале и која може да ја отповикате.

д) Право на приговор:
Доколку Вашите податоци ги дистрибуираме поради извршување на задачи од јавен интерес или со нивната обработка се повикуваме на легитимен интерес, може да поднесете приговор против таквата обработка на податоци доколку постои интерес за заштита на Вашите податоци.

ѓ) Право на жалба:
Доколку мислите дека со обработка на Вашите лични податоци сме ги прекршиле прописите од Законот за заштита на податоци, Ве молиме да ни се обратите за да ги разјасниме евентуалните прашање. Имате право и да испратите жалба во Дирекцијата за заштита на податоци.


8. Измена на оваа Изјава:

Био Клиника Македонија ДООЕЛ може да ја измени оваа изјава за што ќе бидете благовремено известени, што вклучува меѓу останатото и измена на објавата на интернет страните.

Био Клиника д.о.о.е.л. / Бул. 8 Септември бр.2 лок. 11 / 1000 Скопје / тел: 02/3216-923 / Фах: 02/3217-611 / E-mail: (naracki@bioclinica.com.mk)

Сите цени се наведени во Македонска валута МКД со ДДВ, важат само за купување преку web shop.

Цената прикажана на секој производ важи до моментот кога потрошувачот ќе ја направи нарачката.