ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА " БИО КЛИНИКА ВЕ НАГРАДУВА": Bio Clinica Makedonija
Ова web место користи колачиња (cookies). Кликнете ОВДЕ за повеќе информации. Доколку продолжите со прегледот на овој web се согласувате со користењето на колачињата.
 
Zatvori

Информации

Molimo, pričekajte trenutak!

Врз основа на член 125, 126, 127,128 и 129 од Законот за игри на среќа и за забавни игри (Службен весник на РМ бр.132/2011), 148/2011, 74/2012, 171/2012, 27/14, 139/14, У.бр.8/2014-0-1 од 08.10.2014 година, 61/2015), 154/2015 и 23 од 10.02.2016; У бр.65/2016 од 5 јули 2017 година, (Службен весник на РМ бр. 90/2017) Био Клиника Македонија Д.О.О.Е.Л ги донесе следните: 

ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА " БИО КЛИНИКА ВЕ НАГРАДУВА" 

Член 1 
По овие правила Друштвото за производство, трговија и услуги "БИО КЛИНИКА МАКЕДОНИЈА" Д.О.О.Е.Л Скопје, со адреса на ул.Коста Веселинов бр. 6, Скопје ( во понатамошниот текст организатор ) приредува наградна игра под името "БИО КЛИНИКА ВЕ НАГРАДУВА".

Член 2
Наградната игра "БИО КЛИНИКА ВЕ НАГРАДУВА" ќе трае од 01.05.2019 год- 30.04.2020 год., ќе се приредува на територијата на Р. Македонија и во неа ќе учествуваат купувачите на производи од Био Клиника. Правилата на наградната игра ќе бидат објавени пред почетокот на наградната игра на нашата интернет страна њњњ.биоцлиница.цом.мк. по добивањето на согласност од Министерството за финансии. 

Член 3
Наградната игра се одржува заради рекламирање на производите за убавина и здравје на Био Клиника Македонија.
 
Член 4
Био Клиника Македонија работи трговија на мало преку пошта и интернет. Секој купувач кој направил нарачка на производи и ја добил преку Пошта, се евидентира во базата на купувачи на Био Клиника Македонија. Во Наградната игра "БИО КЛИНИКА ВЕ НАГРАДУВА" купувачите од базата на купувачи еднаш месечно, во период од 15-ти до 25-ти во месецот, ќе бидат повикувани по пат на рекламен материјал со понуда на производи од палетата на производи за убавина и здравје, за учество во наградната игра, кој ќе биде испраќан на нивните адреси преку Пошта. Рекламниот материјал содржи понуда на производи и купон за нарачка на производи. Купувачите кои ќе нарачаат и купат барем еден понуден производ, стануваат учесници во наградната игра и нивните купони на кои се наведени името и презимето, адреса на живеење и телефонскиот број ќе учествуваат во извлекувањето. Купоните од секое купување, во периодот од 01.05.2019-30.04.2020 год., додека трае Наградната игра, поединечно, како посебни купони, ќе учествуваат во извлекувањето на една парична награда во износ од 60.000,00 ден. 

Член 5
Наградннот фонд изнесува 60.000,00 ден паричен износ и ќе биде доделен на е‘ен добитник кој ќе биде извлечен на крајот на Наградната игра. 

Член 6
Во наградната игра " БИО КЛИНИКА ВЕ НАГРАДУВА " не можат да учествуваат вработените, членовите на нивната блиска фамилија и лица помлади од 18 год. 

Член 7
Извлекувањето на наградата ќе се одвива во просториите на организаторот Био Клиника Македонија кој се наоѓа на ул.Коста Веселинов бр.6, Скопје на ден 31.05.2020 год. во 12:00 часот. Извлекувањето на добитникот ќе се врши рачно од стаклен сад во кој се наоѓаат купоните на учесниците. 
  Извлекувањето ќе го надгледува тричлена комисија. За извршеното извлекување ќе биде составен записник кој ќе биде потпишан од страна на членовите на комисијата. 

Член 8
Наградата ќе биде предадена на добитникот во просториите на Био Клиника Македонија кој се наоѓаат на ул.Коста Веселинов бр.6, Скопје. За резултатот од извлекувањето добитникот на наградата ќе биде лично известен на телефон или писмено преку пошта. Резултататот од извлекувањето ќе биде објавен на интернт страната на организаторот во рок од три дена по извлекувањето. Добитникот на наградата е должен да се јави кај организаторот на наградната игра Био Клиника Македонија кој се наоѓа на ул.Коста Веселинов бр.6, Скопје и да ја подигне наградата во рок од 60 дена по објавувањето на резултатите. По истекот на тој рок го губи правото на наградата. 

Член 9
Учесниците во наградната игра имаат право да поднесат приговор во рок од 8 дена по објавувањето на резултатите од извлекувањето. Био Клиника Македонија писмено ќе се произнесе во рок од 8 дена по добивањето на приговорите. 

Член 10
Правилата стапуваат на сила со денот на добивањето на одобрение од страна на Министерство за финансии. Со учеството во наградната игра секој учесник ги прифаќа сите права и обврски утврдени во овие правила.

Член 11
Во случај на спор кој не може да се реши на мирен начин, надлежен е Општинскиот суд во Скопје. 

Број на дозвола 13-2787/3 од 12.04.2019 год 

БИО КЛИНИКА МАКЕДОНИЈА
Скопје



 

Извлечена наградата од наградната игра

"БИО КЛИНИКА ВЕ НАГРАДУВА"

БИО КЛИНИКАМАКЕДОНИЈА  Д.О.О.Е.Л Скопје одржа наградна игра под името "БИО КЛИНИКА ВЕ НАГРАДУВА" , која траеше од 01.05.2019 - 30.04.2020год. и во неа учествуваа сите купувачи на производи во тој период. На 31.05.2020 год. во 12 h се одржа извлекувањето на наградата.

 Добитник на 60 000,00 денари  e:



СТОЈМЕНОВСКА ЈОРДАНКА
ул. Првомајска бр. 4/2 а- Скопје