ХАИ МОБИЛАН 2 третмана: Bio Clinica Makedonija
Ова web место користи колачиња (cookies). Кликнете ОВДЕ за повеќе информации. Доколку продолжите со прегледот на овој web се согласувате со користењето на колачињата.
 
Zatvori

Информации

Molimo, pričekajte trenutak!

ХАИ МОБИЛАН 2 третмана            
 

2x Hai Mobilan Chondroitin Intense капсули

Намена

Капсулите Hai Mobilan Intense придонесуваат за здравјето на зглобовите, овозможуваат подобра подвижност, ја обновуваат ‘рскавицата и делуваат анти-воспалително. Екстрактот од ајкула ги намалува воспаленијата, овозможува вискозитет и ги подмачкува зглобовите.



Примена

Се препорачува да се земаат 2 капсули дневно по оброк.
Да се користат најмалку 3 месеци без прекин, додека кај долготрајни тегоби најмалку 4 месеци без прекин.

Делување

Со редовната употреба, по неколку недели болката е намалена, а подвижноста подобрена. Зглобовите се обновени благодарение на екстрактот од ајкула и кондроитинот. Сврзното ткиво почнува да се формира на природен начин и се подобрува целиот мускулно-скелетен систем.



Главни активни состојки

Кондроитинот од ‘рскавица од ајкула се користи како додаток на исхрана кога телото го произведува помалку или кога воопшто не го произведува. Тогаш настануваат проблемите со зглобовите. Кондроитин сулфат вообичаено се наоѓа во ‘рскавицата околу зглобовите. Тој помага да се создаде отпорност на компресија која се јавува во зглобовите поради одредени движења. Се користи како додаток на исхрана со цел да се намали болката и воспалителните процеси, а воедно ја подобрува подвижноста и функцијата на зглобовите. Го намалува процесот на остеоартритис и помага ‘рскавицата да ја задржи својата вода. Се верува дека кондроитин сулфат ги блокира ензимите кои ја разградуваат ‘раскавицата.
Манганот придонесува за формирање на сврзното ткиво на ‘рскавицата и коските. Цинкот е еден од најважните минерали за одржување на здрави мускули и коски. Витаминот Е овозможува нормална работа на мускулите и го зајакнува имунолошкиот систем. Витаминот Ц делува анти-воспалително создавајќи колаген кој овозможува нормална функција на ‘рскавицата на коските.

(Не) Препорачуваме

Се препорачува на личностите кои ги имаат следниве тегоби: артритис, артроза, остеопороза, болки во половината, скршеници и повреди.
Производот не се препорачува доколку се има згрутчување на крвта.

Пакување и состав

Пакување од 60 капсули.
Состав: витамин C, витамин E, кондроитин сулфат од ‘рскавица од ајкула, цинк, малтодекстрин, магнезиумови соли, масни киселини, манган глуконат.

 

2x Hai Mobilan Chondroitin Intense капсули

Капсули против болки на база на ‘рскавица од ајкула.

Шифра на артиклот: 104055  -  Пакување: 120,00 ком  -  Цена за 100 ком: 1.165,00 ден

30
1.398,00 ден
1.998,00 ден


Бесплатна достава со нарачка поголема од 1500 ден


Испорака за 48h


Подароци со нарачка